Принцот Вилијам и Кејт отворија свој канал на ЈуТјуб

од Vladimir Zorba

Војвотката и војводата од Кембриџ, Вилијам и неговата сопруга Кејт објавија дека отвориле свој канал на Јутјуб.

На твит што го објавија денес, тие напишаа – „Сега сме на ЈуТјуб“ – додавајќи линк за сите следбеници, пренесе „Индипендент“.

Прво, како најава на каналот Јутјуб, тие објавија клип во кој се прикажани како вршат бројни кралски должности, со детали зад камерата што јавноста досега немаше можност да ги види.

Снимките ги прикажуваат крајно неформално и опуштено, што не е начинот на кој се прикажуваше кралското семејство.

Тие ја започнаа оваа практика претходните недели, кога беше објавено семејното видео, како дел од десетгодишнината од нивниот брак. Тие ги споделија среќните моменти на своето семејство, додека со своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, шетаат во шума, играат на плажа и печат колачиња на оган, што беше оценето како невообичаено личен и сентиментален потег од припадници на монархијата.

Во едно од објавените видеа направени зад сцената, принцот Вилијам и вели на Кејт: „Гледај што зборуваш, затоа што овие момци снимаат сè“, на што таа одговори – „Знам“.

Слични содржини