Принцот Вилијам сепак сака да се смири со Хари

од Stefanija Kuzmanovska

Односот меѓу браќата, принцовите Хари и Вилијам, беше особено „студен“ по интервјуто во кое Меган и Хари го осудија кралското семејство. Сепак, извори блиски до Вилијам велат дека неговите „рани“ околу заминувањето на Хари и Меган се уште се свежи и покрај тоа што помина околу една година откако двојката отиде во Калифорнија и дека многу му недостасува неговиот брат.

„Откако помина чувство на лутина, сфати дека му недостига неговиот брат. Тие делеа сè во животот, канцеларијата, состаноците, се забавуваа заедно“, наведе пријател на принцот Вилијам.

Меѓутоа, тој открива дека Вилијам сепак се надева дека неговиот однос со брат му во одреден момент ќе се подобри, и покрај фактот дека тој му е лут на Хари од порано, а особено со последните коментари за кралското семејство во кое тој и Меган ги обвинија за расизам. Браќата се сретнаа по самото интервју, но нивниот разговор не заврши добро“, изјави извор близок до Вилијам за странските медиуми.

Покрај тоа, на Вилијам му пречи и фактот што Хари рече дека Вилијам и неговиот татко, принцот Чарлс, се чувствуваат како затвореници поради своите кралски обврски. Вилијам, наводно, нема проблеми со извршувањето на своите должности и целосно ја прифатил улогата и одлично се согласува со неговата баба, кралицата Елизабета.

Според англиските медиуми, неговиот однос со кралицата Елизабета од ден на ден е се подобар и подобар, со оглед на тоа што Вилијам по интервјуто прв го бранеше кралското семејство. Неговата врска со неговиот татко е исто така подобра.

Слични содржини