Принцот Вилијам со прв коментар за интервјуто на Хари и Меган: „Не сме расистичко семејство …“

од Vladimir Zorba

По големото интервју на Опра Винфри со принцот Хари и неговата сопруга Меган во кое парот обвинуваше за расизам и расправии во британското кралско семејство, се појави братот на Хари, принцот Вилијам и рече дека нивното семејство нема никаква врска со расизмот.

Војводата од Кембриџ е првиот член на кралското семејство кој лично ги коментира наводите изнесени во интервјуто. Тој откри дека по интервјуто сè уште не разговарал со неговиот брат, но дека „наскоро ќе разговара“.

Новинарите го испрашуваа за сето ова додека посетуваше училиште во источен Лондон каде тој и Кејт промовираа програма за грижа за менталното здравје на децата.

„Ние во никој случај не сме расистичко семејство“, рече тој директно на новинарско прашање во врска со тврдењето на Меган Маркл дека еден член на семејството е загрижен дека кожата на Арчи ќе биде премногу темна кога ќе се роди.

После преносот, британскиот кралски двор издаде кратко соопштение во кое коментира низа сериозни обвинувања изнесени од Хари и Меган.

– Целото семејство со жал го прими сознанието за тоа колку се предизвикувачки изминатите години за Хари и Меган. Прашањата што ги допреа, особено оние што се однесуваат на расата, се загрижувачки. Иако можеби се сеќаваме на некои настани на различни начини, сигурно ги сфаќаме многу сериозно и ќе се справиме приватно во семејството. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат сакани членови на нашето семејство, се вели во изјавата потпишана од самата кралица Елизабета Втора.

Слични содржини