Принцот Вилијам загрижен: Кејт секој ден е сè послаба

од Elena Daskalova

Војвотката од Кембриџ во последниот период често се исцрпува со работа и постојано ги прескокнува оброците, а тоа многу го загрижува нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.

Според блиски луѓе на семејството, тој постојано ѝ замерува дека слабо јаде, дека пропаѓа и дека секој ден е сè послаба и послаба. Принцот, наводно, ја моли Кејт редовно да јаде и да покачи некој килограм.

Таа постојано се исцрпува со напорна работа, а често прескокнува и оброци. Вилијам, иако се труди да не ја вознемирува, постојано се обидува да ѝ укаже дека тоа воопшто не е добро, особено затоа што сè повеќе се зборува дека парот сака да добие уште едно дете наскоро.

Слични содржини