Принцот Вилијам загрижен за здравјето на татко му, Хари тешко ја поднел веста

од Elena Daskalova

Принцот Вилијам е загрижен за здравствената состојба на неговиот татко, принцот Чарлс, откако тестовите покажаа дека е заразен со коронавирусот.

Принцот од Велс, кој има 71 година, покажал благи симптоми на респираторно заболување, но општо се чувствува добро.

„Кога дозна за резултатите, Чарлс веднаш им се јави на Хари и Вилијам за да ги извести. Вилијам се потресе, но мора да остане мирен. Тој се понуди да помогне за што и да треба, додека татко му се лечи“, изјавил извор на семејството за магазинот Ин тач.

Принцот Чарлс е во изолација во домот во Шкотска, заедно со сопругата Камила Паркер Боулс која на првиот тест покажала дека е негативна. Добро се чувствува и кралицата Елизабета, која вчера потврди дека последен пат се сретнала со својот син на 12 март.

Од друга страна пак, Хари многу се вознемирил поради овие вести и бил исплашен, но и многу емотивен за време на повикот.

Слични содржини