Припадниците на овие 3 знаци се незаситни во сексот

од Stefanija Kuzmanovska

Со нив секогаш е незаборавно во кревет.

Секој има различен сексуален апетит, но некои хороскопски знаци се познати по посилното либидо и како незаситни сексуални партнери. Нив ги „пали“ поглед, мал допир или дури и начинот на кој велите одредени зборови.

1. Скорпија

Скорпиите имаат поголем сексуален апетит од сите други знаци. Нејзината жестока и страсна личност е видлива во сите аспекти на животот, особено во спалната соба. Сексот со неа е секогаш возбудлив, најмногу затоа што сака да пробува нови работи.

Сè што треба да направите е да се насмеете на одреден начин, да ѝ дадете „значаен“ поглед или да ја допрете и таа веднаш ќе разбере на што алудирате и ќе ја прифати играта. Луѓето кои имаат сексуални односи со Скорпиите е подобро да имаат силно либидо и да бидат подготвени добро да се испотат во спалната соба.

2. Бик

За жена Бик, допирот е многу важен во сексот, а бидејќи сака да се држи за рака, нејзиниот сексуален нагон е секогаш силен.

Таа е многу тврдоглава и никогаш нема да признае дека е иницијатор за секс, но и двајцата сте свесни дека таа секогаш ве мами и индиректно алудира на секс. Нејзиниот сексуален нагон е од физичка природа, затоа обрнете внимание на допирање, гушкање, па дури и на сензуална масажа.

3. Овен

Овенот сака добар физички предизвик, а нема подобар предизвик од сексот, нели? Сексуалниот апетит на Овенот предизвикува чист адреналин. Тој обожава да победува, а сексот со него е секогаш полн со страст, игри и експериментирање.

Тие се исклучително страствени што изобилува во спалната соба. Нивниот сексуален апетит се чини дека е поврзан со желбата за игра.

Слични содржини