Приредба со ученици облечени во униформи на УЧК, се огласи министерката Јаневска

од Nikola Popovski
131 прегледи

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска реагираше на училишната приредба на која ученици беа облечени во униформи со амблеми на УЧК. Најави соодветна постапка против училиштето. Јаневска вели дека има информации за слични активности и во други две училишта.

-Длабоко сум разочарана и вознемирена од одлуката на раководството и наставниците во ОУ „7 Март“ во Челопек да организираат, но и од одобрувањето на родителите на учениците, нивните деца да учествуваат во училишна приредба на која облечени во униформи со амблеми на неформални воени групации од минатото, парадираат со пушки во рацете. Патем, родителите и ракоплескаа на сето тоа.

Не очекував дека токму педагози, луѓе кои ја одбрале најблагородната професија, ќе ги учат децата во Македонија да не ја почитуваат сопствената земја, да не ги почитуваат своите сограѓани и ќе индоктринираат милитанство, насилство, омраза. Спротивно на сите основни начела на педагогијата. Наместо да се бориме за единство, за градење мирна и хармонична училишна средина, која патем треба да биде и основа за градење на мирно и хармонично општество и силна заедничка држава, во 21от век гледаме дека нечии размислувања и идеали се заглавени во некој минат век, порача Јаневска.

Според министерката, училиштето од претходните министри било наградувано со грантови за организирање на активности за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција.

Видеото од приредбата е објавено на Фејсбук-страницата на училиштето и истото можете да го погледнете на следниот ЛИНК. Настанот е по повод 28 ноември – Денот на албанското знаме.

Слични содржини