Приредувачите на онлајн обложување ќе се поврзат со информацискиот систем на УЈП, во Уредбата се предвиден и глоби

од Берта Китинска

Вадата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за игри на среќа и забавните игри за време на вонредна состојба. Со уредбата им се овозможува на економските оператори што организираат игри на среќа да ја продолжат својата дејност на интернет.

Приредувачите, на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб,  кои имаат лиценца, добиена согласно со Законот, имаат право интернет игрите на среќа да ги приредуваат преку веб апликација, што може да биде веб страна или веб платформа, или, пак, мобилна апликација.

Тие ќе мора да имаат информатичка опрема на територијата на земјава, односно хардвер и софтвер преку кои играчите учествуваат во игрите, како и за размена на податоци со серверот на Управата за јавни прихoди. Должни се приредувањето да го вршат користејќи го постојниот надзорен информациски систем НИС кој е поврзан со информацискиот систем на УЈП. Ќе имаат право да ги приредуваат игрите кои се уредени со Правилата одобрени од Министерството за финансии, согласно издадената лиценца.

Во Уредбта се предвидени и значајни глоби.

Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра ќе му се изрече за прекршок на приредувачот ако:

-не му ги стави на располагање на учесникот сите информации,

-не му ги уплати расположливите средства на негова трансакциска сметка во утврдениот рок

-не и овозможи посебен електронски пристап во реално време на УЈП до податоците.

За прекршокот на одговорното лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 евра, соти во уредбата.

Со ова, како што велат од Владата, „се создаваат услови да се сочуваат 7.500 работни места во оваа дејност“.

–Со оваа уредба се обезбедува можност за наплата на приходи во Буџетот кои до донесувањето на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот, се генерираа од обложувалниците, автомат клубовите и казината и кои престанаа да се наплатуваат бидејќи на 15 март 2020 година приредувачите на овие услуги ги затворија сите уплатно исплатни места и деловни простории во кои ги приредуваат игрите на среќа, соопштуваат од Влада.

Слични содржини