Актуелно
Почетна / Магазин / Природни начини за намалување на подочниците

Природни начини за намалување на подочниците

Постојат многу креми за нега на кожата околу очите, но има и доволно природни начини како да се воспостави и домашна нега на овој чувствителен предел.

Многу козметичари би ве советувале да употребите нешто од природата, што не е многу скапо, а кое го има сличниот ефект како и скапите производи за нега.

Овие состојки може да ги најдете во вашиот дом и да ги употребите за нега:

Замрзнати коцки кафе

Кофеинот е составен дел од многу креми за околу очи. Тој ги намалува брчките и штетата која ја прават слободните радикали. Со една коцка смрзнато инстант кафе разладете го делот под очите. Тоа ќе ја осветли уморната кожа и ќе ја подобри циркулацијата.

Зелен чај

За да го користите позитивниот ефект на зелениот чај, потопете две парчиња памук во ладен чај и ставете ги како облоги на горниот капак или под окото, но не и директно на окото.

Капсули витамин Е

Витаминот Е е важна хранлива состојка, а можете и да го нанесувате директно на кожата, за побрза регенерација на клетките. Со тоа го забавува процесот на стареење.

Кокосово масло

Иако нема да ги намали ниту брчките, ниту темните кругови, кокосовото масло ќе ви помогне да ја одржите кожата мека и да избегнете нејзино сушење и првутење.

Маслиново масло

Една капка маслиново масло поделете ја на двата показалци и размачкајте рамномерно во делот околу окото. Ова ќе ви помогне да ја задржите влажноста на кожата што подолго.

Алое вера

Домашното алое може да ви помогне да направите природни облоги за вашагта кожа. Исечете еден лист и парче од желатинестиот дел нанесете под очите. Алоето е богато со витамини, минерали и ензими кои ги намалуваат отоците.

loading...