Топлото време секогаш носи и мравки во вашите домови. Ако ги забележите прво што треба да помислите е дека тие влегувајќи преку мали отвори доаѓаат во голем број. Најмноги ги привлекува храна со многу шеќер. Затоа мравките најчесто ќе најдете во кујната, но и на влажни места како што се бањи, подови или тавани. Тие се нарекуваат штетници затоа што се движат во колонии кои можат да бројат повеќе од илјада мравки и е многу тешко да се уништат бидејќи градат мравјалници на места кои тешко се пронаоѓаат.
За да се ослободите од мравките, неопходно е да се ослободите од целата колонија. Би било лесно со едноставно купување на производи кои содржат токсични состојки, но сепак тоа не е најбезбедната опција, особено ако имате мало дете или миленичиња.
Еве неколку природни начини за борба против мравките во вашиот дом.
Сода бикарбона
Измешајте сода бикарбона со шеќер во прав и посипете на места каде што сте забележале мравки или каде што евентуално би можеле да се појават.
Оцет
Белиот оцет е еден од најпознатите природни лекови за отстранување на мравки. Измешајте еднаква количина оцет и вода во шише со спреј и прскајте на површините каде што сте виделе мравки.
Сол
Измешајте неколку лажици кујнска сол со врела вода и оставете течноста да се излади. Истурете го во шише со спреј и испрскајте ги сите површини каде што се собираат мравките.
Кафе
Интензивниот мирис на мелено кафе ги одбива мравките. Посипете кафе на местата каде што се собираат мравки и голем и се шансите дека таму повторо нема да ги видите.
Лимон
Ставете го исцедениот сок од лимон на местата каде што забележавте дека мравките излегуваат. Како и кај кафето, мравките ги одбива мирисот на цитрус и дефинитивно ќе ги избегнат овие места.
Цимет
Мирисот на цимет исто така ги одбива инсектите и ова е едноставен трик за да ги спречите мравките да влезат во вашиот дом. Посипете цимет на саканите места или направете ред на местото каде што мравките влегуваат во вашиот дом. Овој трик можете да го искористите и за да ја заштитите облеката од молци со тоа што ќе ставите стапче цимет во торбата и ќе го закачите во плакарот. Исто така, ова важи и за повеќето други зачини што ги имате во кујнските ормани, како куркума и пиперка.
Детергент
Во вода што врие додадете неколку капки кујнски детергент и испрскајте ги местата каде што сте виделе мравки.
Креда
Калциум карбонат ги одбива мравките. Нацртајте линија со креда и мравките нема да сакаат да ја преминат!
По примена на некои од овие совети, не ги мијте третираните области најмалку два дена и повторете ја постапката еднаш или повеќе доколку е потребно. Со среќа!