Природни намирници кои ќе ги смират симптомите на стомачен вирус

од desk4

Стомачните вируси може да ве дехидрираат, да ве исцрпат целосно, да ви се покачи телесната температура, да предизвикаат дури и главоболка и болки во мускулите.

Може да ги внесете преку некоја храна или пијалак или пак преку контакт со заразено лице. Иако е непријатна, оваа состојба се смирува за неколку дена, а ретко предизвикува сериозни компликации.

Лековите најчесто се засноваат на природна база, а понекогаш само треба инфузија со електролити за да се подобри состојбата. Но, пред да дојде до тоа, обидете се да си помогнете на природен начин.

Внесувајте течности

Водата ви е потребна за да надоместите за изгубените течности поради дијарејата или повраќањето. Секогаш пијте мали голтки, било да се работи за обична, за негазирана минерална вода, бистра супа или фармацевтски електролити.

Ѓумбир

Чајот од ѓумбир помага во олеснување на мачнините, а и ги смирува грчевите во стомакот и подуеноста. Можете да го направите или од свеж или од ѓумбир во прав, а пијте најмногу три шолји дневно.

Нане

Нането ја смирува подуеноста, а како лек против стомачни тегоби е познато уште од далечното минато. Засладете го сосема малку и пијте го двапати на ден.

Цимет

Циметот е познат по своите антивоспалителни својства, ги смирува инфекциите и симптомите на гадење. Сварете една лажичка цимет во зовриена вода и процедете. Испијте најмногу две шолји во текот на денот.

Камилица

Камилицата го релаксира мускулното ткиво, помага при дијареја и мачнини и може да се пие и по еден литар чај од камилица во текот на денот.

Слични содржини