Приштина блокирана: Пронајден е сомнителен куфер во пресрет на посетата на Гренел

од Nikola Popovski

Една од главните улици во Приштина, именувана по поранешниот американски претседател Бил Клинтон, била блокирана откако полицијата била информирана дека на неа е забележан сомнителен куфер, пренесува „Коха“.

„Околу 10.30 часот добивме информација дека имало сомнителен куфер на улицата Бил Клинтон. Екипите на косовската полиција се на местото на настанот“, соопштено е од Косовската полиција.

Според приштинска Коха, специјалните единици на косовската полиција кои пристигнале на самото место, ја провериле содржината на торбата.

Куферот го пребарувале специјални припадници на полицијата, деминери, но и кучиња. По детална проверка, се покажало дека сомневањето е лажно, односно дека во куферот немало експлозивна направа.

Да потсетиме, сето ова се случува пред посетата на специјалниот пратеник на претседателот Трамп за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, кој лично ќе го следи спроведувањето на потпишаниот договор од Вашингтон.

Гренел ќе дојде со уште 13 други американски официјални лица кои ќе презентираат проекти за Косово и регионот во рамките на договорот постигнат со Србија.

Слични содржини