Приштина мора да се реши дали е во ЦЕФТА или не, смета Расим Љајиќ

од desk3

 Министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ изјави дека не очекува реакција на надлежните за постапките на Приштина, поради што Белград ќе ја разгледа можноста за превземање на индивидуални мерки.

– Ова е всушност де факто излегување од ЦЕФТА, што се однесува до институциите во Приштина. Ќе помине малку време, па тие ќе воведат нова вонцаринска бариера, некогаш кон една, другпат кон друга земја, а сега кон сите земји во регионот, истакна Љаиќ.

Тој порача дека Белград бара одговор дали привремените институции во Приштина се дел од ЦЕФТА договорот или не.

– Секако нашиот притисок кон Европската комисија ќе биде перманентен, бидејќи ваквото однесување мора да престане или Приштина да излезе формално од ЦЕФТА договорот. Мислам дека ова е поштено, отколку на ваков начин да ги користата бенефитите, а кога ќе Ви падне на ум, да воведете воцарински бариери кон партнерите, наведе Љајиќ

Слични содржини