Приштина против „селективен пристап“ на Брисел за дијалогот со Белград

од Vladimir Zorba

Продолжувањето на дијалогот меѓу Приштина и Белград без да се третира Договорот за енергетика, за Владата на Косово претставува „отежнат и безполезен процес“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одбивањето на Србија, како и барањето на Брисел на наредната средба да се разговара само за Заедницата на српските општини, доведоа до одлагање на средбата која требаше да се одржи на 7 јуни, а моментно нема датум кога може да се одржи наредниот состанок, пишува денеска „Коха Диторе“.

Извори во Владата информираат дека координаторот на Кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај за техничкиот дијалог, Авни Арифи денеска треба да поднесе извештај во Брисел за досега постигнатите договори.

Според агендата, пишува весникот, ќе се рапортира за првиот договор склучен на 19 април 2013 година, како и за планот за реализација на Договрот за енергетика и телекомот. Исто така ќе се разговара за Договорот за основање на Заедницата на српските општини, договорите за полицијата, судството, цивилната заштита и канцелариите за врски.

Косовската влада ќе поднесе извештај и за спгодбите од техничкиот дијалог од 2011 и 2012 година, од кои неколку се уште не се заживеани./МИА

Слични содржини