Пристигна Европскиот воз во Скопје

од Nikola Popovski

Доцна вечерва на Железничката станица во Скопје пристигна Европскиот воз. Пристигнувањето е во рамките на глобалниот настан „Connecting Europe Express“, со кој Европската Унија ја одбележува 2021 како „Година на железницата“.

-Благодарност до ЕУ што ја вклучи Северна Македонија во оваа иницијатива. Европскиот воз е доказ за пријателството и соработката со ЕУ. Верувам дека овој воз симболично ќе придонесе за поголемо поврзување на земјите од овој регион со останатиот дел од Европа, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Возот ќе преноќи во Скопје и утре го продолжува своето патување кон Атина.

„Connecting Europe Express“ го започна своето патување од Лисабон на 2 септември, a крајната дестинација е Париз каде треба да го заокружи своето патување на 7 октомври.

Слични содржини