ПРИСТИГНА ПОМОШ: Руски авиони ги гаснат пожарите во Турција (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руските противпожарни авиони „Бе-200“ учествуваат во гаснењето на шумските пожари на југот на Турција, објави руската амбасада во Анкара.

„Три руски авиони Бе-200 ѝ даваат помош на турската страна, која ги гаси шумските пожари. Би сакале шумските пожари што избија на југот на Турција да бидат изгаснети што е можно поскоро, со минимална штета“, се вели во соопштението на руската дипломатска мисија.

Претходно беше објавено дека министерот за одбрана на Русија, по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, го испратил авионот Бе-200 од авијацијата на руската морнарица за да ѝ помогне на Турција.

Силен шумски пожар избувна на 28 јули, недалеку од одморалиштето Манавгат, се претпоставува дека се должи на големата жештина во регионот. Поради силниот ветер и високите температури, огнот брзо се проширил на голема површина. Три лица загинаа, а 122 беа повредени.

Според министерот за земјоделство и шумарство на Турција, Бекир Пакдемирли, пет хеликоптери, еден авион и 30 противпожарни возила учествуваат во гаснењето на пожарот во реонот на одморалиштето Мармарис. Регистрирани се три нови пожари во близина на туристички места – во околината на Бодрум, Ајдин и Аланија, пренесува Си -Ен -Ен Турк.

Вкупно 41 шумски пожар избувна во 13 турски провинции во изминатите два дена, од кои 31 се под контрола.

Слични содржини