Пристигна понуда за Мбапе – 160.000.000 евра!

од Nikola Popovski

Реал Мадрид направи голем чекор кон трансферот на Килијан Мбапе.

Како што објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, Мадриѓани сакаат да го донесат францускиот репрезентативец до крајот на преодниот рок, на 31 август.

Поради тоа, тие испратиле формална понуда во износ од 160 милиони евра.

Управата на францускиот клуб се уште не одговорила.

Она што е познато е дека Мбапе досега одби три понуди од Пари Сен Жермен во врска со продолжувањето на соработката.

Неговата желба е да замине и да игра за кралскиот клуб од Мадрид, бидејќи договорот со парижаните му истекува следното лето.

Се чини дека ПСЖ е во мат позиција, бидејќи ако го задржат нема да добијат ништо следното лето.

Мбапе постигна 142 гола на 219 натпревари за клубот и репрезентацијата.

Слични содржини