Пристигна „противотровот“: Русија регистрираше лек за коронавирусот

од Nikola Popovski

Министерството за здравство на Русија го регистрираше лекот за третман против коронавирусот „Мир 19“, соопшти Федералната биомедицинска агенција (ФМБА).

„Мир 19“ е етотропен лек, всушност противотров против вирус чие дејство се заснова на механизмот на интерференција на РНК. Се состои од две компоненти: активни супстанции – мала интерферентна РНК и носители на пептиди.

Станува збор за инхалиран лек кој се вдишува со помош на инхалатор преку маска. Во текот на студијата не биле пријавени несакани ефекти. Дејствува на делот од геномот на коронавирусот кој е одговорен за неговата репликација, што го спречува размножувањето на вирусот.

Фото: Алексей Сухоруков

Слични содржини