Пристигна првата реакција на Зеленски за германската одлука за тенкови

од Radmila Tasevska

Пристигна првата реакција на украинскиот претседател Володимир Зеленски на одлуката на Германија да испрати тенкови Леопард 2 во Украина. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека е „искрено благодарен“ на германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Германски борбени тенкови, проширување на одбранбената поддршка и мисија за обука, зелено светло за партнерите да испратат слично оружје. Само што слушнав за овие важни одлуки во телефонски разговор со германскиот канцелар Шолц. Искрено сум му благодарен, како и сите наши пријатели во Германија“, објави Зеленски, пренесува Индекс.

 

Слични содржини