Пристигнале дојави за бомби во 7 училишта во Гази Баба

од Vladimir Zorba

Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на Фејсбук информира за пристигнати дојави за бомби во 7 училишта на територија на општина Гази Баба.

„Попладнево во 15:47 часот во општинските основни училишта Наум Наумовски Борче, Крум Тошев, Григор Прличев, Дане Крапчев, Крсте Мисирков, Кирил и Методиј и Наум Охридски се пристигнати дојави за поставени бомби.

Од страна на директорите и наставниот персонал, согласно утврдените протоколи е направена евакуација на сите ученици од зградите на училиштата и сите дечиња се на безбедно.

Пријавено е до надлежните институции и очекуваме истите согласно своите надлежности да ги проверат пристигнатите дојави“, напиша Стефковски.

Слични содржини