Пристигнале туристите, а со нив и хаосот среде пандемијата: „Вие сте еден куп идиоти, точка“ (видео)

од Nikola Popovski

Светската јавност повторно е шокирана од однесувањето на некои Американци кои го искористиле Денот на сеќавањето за да организираат забави и покрај тоа што САД се наоѓаа во средиштето на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Особено било преполно во одморалиштата на езерото Озаркс, каде што гостите не ни помислувале да се придржуваат кон какви било мерки на претпазливост во време кога САД се приближуваат кон бројот на сто илјади починати (над еден милион и шестотини илјади граѓани се заразени). Државата Мисури донесе одлука да се укине карантинот пред три недели, но експертите и покрај олеснувањето на мерката ги предупредуваа граѓаните да продолжат да се придржуваат кон сите препораки, особено социјалното дистанцирање.

Полицијата одговорила на прашањата од новинарите дека во моментов не можат да ги предупредат граѓаните да не ги преполнуваат базените.

Ваквите сцени навистина ги шокираа многумина, а од познатите личности, најжесток во критиките беше Мајерс Леонард, членот на Мајами Хит.

„Вие сте еден куп идиоти. Точка“, напишал кошаркарот, чиј коментар го поддржале скоро 50 илјади луѓе за помалку од 24 часа.

Слични содржини