Пристигнати 10 известувања за евентуални нерегуларности до јавните обвинителства

од Nikola Popovski

Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела против изборите попладнево информираше дека гласањето до 17 часот се одвива во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected] пристигнати се вкупно 10 известувања. Поголемиот дел се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии, а две од известувањата се однесуваат на лица кои го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

– Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно, преземајќи дејствија за расчистување на настаните и утврдување на фактите., се наведува во соопштението.

Слични содржини