Пристигнуваат 600.000 вакцини, од понеделник почнува масовната имунизација

од Берта Китинска

До крајот на неделата треба да пристигнат 600.000 дози вакцини, најави премиерот Зоран Заев.

„Петок стигаат 100.000 Фајзер, а во недела пристигнуваат со два чартер-летови 500.000 дози од компанијата Синовак“, информира премиерот и додаде дека од понеделник сите 180.000 граѓани што се пријавиле, а се уште немаат примено вакцина, ќе ја примат.

Заев рече дека од понеделник ќе започнат со поголема кампања за вакцинација.

„ До 20-ти јули годинава очекуваме половина милион граѓани да се имунизирани со две вакцини“, нагласи Заев во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Вкупно се аплицирани 488.010 дози вакцини, а ревакцинирани се 206.163 граѓани.

Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251.

Слични содржини