Пристигнуваат кинеските вакцини, сите што се пријавиле ќе бидат имунизирани

од Берта Китинска

Кинеските вакцини стигнуваат денеска напладне со два авиона.

-Во 14 и во 16 часот по 250 илјади слетуваат на аеродромот во Скопје. Направен е план за складирање на две места, во Поликлиниката „Јане Сандански“ и на Институтот за судска медицина каде што има доволно капацитет да се сместат во ладните соби, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Станува збор за вакцини што Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“. Претходно, министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека ќе следува масовна вакцинација во сите вакцинални пунктови низ државата и повтори дека имунизацијата штити и од индискиот сој на вирусот.

Во земјава в петокот пристигнаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“ што Владата ги набави преку Ковакс механизмот.

Според планот на министертсвото за здравство од 15 –ти наредниот месец вратите на вакциналните пунктови ќе бидат отворени за сите кои сакаат да се заштитат од Ковид 19 и не мора претходно да бидат пријавени.

Слични содржини