Пристигнуваат мемоарите на Памела Андерсон

од Vladimir Zorba

Последниот ден од јануари ќе се најдат во продажба мемоарите на Памела Андерсон, а таа вели дека книгата е многу повеќе од секс снимка. Мемоарите „Love, Pamela“ излегуваат на ист ден со документарниот филм на Нетфликс „Pamela, A Love Story“.

Во книгата, рече Памела Андерсон, сè е вклучено – „од почеток до крај, од првото сеќавање до последното“.

Меѓу другото, Памела Андерсон во книгата и документарниот филм зборува за нејзиното тешко воспитување во сиромашна Лејдисмит со насилнички татко и мајка, злоупотреба во детството и силување. Андерсон била физички малтретирана од нејзиниот прв сопруг Ли, кој одлежал казна за кривично дело злоупотреба на сопружникот откако ја удрил додека таа го држела нивниот син. Тие се разведоа во 1998 година, но заедно го одгледаа својот син.

Почнала да позира гола за да ја врати контролата.

„Тоа беше мој избор. Но, исто така, на некои луѓе им даде поттик да се однесуваат со мене со непочитување“, рече таа.

Во документарецот на „Нетфликс“ ќе бидат прикажани сите нејзини поранешни сопрузи – Томи Ли, Кид Рок, Рик Саломон, Џон Питерс и Ден Хејхерст.

Минатата година на стриминг платформата „Хулу“ почна да се емитува серијата „Pam&Tommy“ со Лили Џејмс во главната улога. Серијата се врти околу секс снимка, која е украдена од сеф.

Слични содржини