Притвор за чичкото кој ги тепал и врзувал внуците во Градски парк

од Nikola Popovski

Предлог за притвор и наредба за истражна постапка денеска донесе Основното јавно обвинителство Скопје против чичко кој ги малтретирал малолетните внуци кои му биле доверени на чување. Осомничениот ги врзувал и со ластегарка ги мавал по стапалата.

Како што соопшти ЈО, на 28 јуни, осомничениот 46-годишник, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, малтретирал две деца на кои им бил чичко.

-Кога мајката на децата му ги оставила за да ги надгледува, осомничениот едното дете го врзал со внатрешната гума од мопед за стеблото на едно дрво. Детето не можело да се ослободи, па неговата сестра се доближила до дрвото да му подаде шише за да се напие течност. Осомничениот најпрвин ја прекорил, а потоа ја удрил со шлаканица по лицето и со ластегарка по стапалата, се наведува во соопштението на ЈО.

Осомничениот е спроведен во Истражниот затвор во Шутка. ​

Слични содржини