Притвор за грчкиот полицаец кој изврши 11 кражби во Атина, тврди дека е зависник од коцкање

од Aleksandar Petrovski

Дваесет и девет годишниот полицаец, кој пред четири дена беше уапсен за 11 кражби извршени со службеното оружје, а денеска му беше одредена мерка притвор, изјави дека е зависник од коцкање, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, полицаецот во исказот пред истражен судија, признал дека стои зад 11-те кражби, рекол дека жали за стореното и објаснил дека поради коцкање има огромни долгови и не можел дури ниту да ја плати киријата за станот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во четвртокот, откако со службеното оружје извршил кражба на две бензински пумпи и одзел вкупно 690 евра, грчкиот полицаец, беше уапсен, по што истрагата покажа дека е одговорен за уште девет други грабежи, во текот на декември минатата година, кога од осум бензински и една трафика украл вкупно 4.400 евра.

Слични содржини