Притвор за скопјанец кој силувал 22–годишна девојка

од Stefanija Kuzmanovska

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против В.Б.(24) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „силување“.

Имено, на 13.01.2023 во 20.45 часот пријавениот В.Б. со употреба на сила извршил обљуба врз 22–годишна девојка од Скопје.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единица за насилен криминал при СВР Скопје. В.Б. е приведен и против него до надлежното обвинителство е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка на лицето му е одредена мерка притвор од 30 дена, соопштуваат од МВР.

Слични содржини