Притвор за скопјанец, ја нападнал поранешната сопруга

од Stefanija Kuzmanovska

Во четвртокот полициски службеници од полициската станица Аеродром го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата поранешна сопруга.

„По целосно документирање на случајот, на 5 август 2022, Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје, во консултација со Јавен обвинител, против В.Д. поднесе кривична пријава по итна постапка, а од судија за претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор“, објави МВР.

Слични содржини