Притвор за тројцата струмичани кои силуваа 19-годишна девојка

од Nikola Popovski

ОЈО Струмица одреди притвор од 30 дена за трите лица кои се сомничат за силувањето на 19-годишната девојка во Струмица, што се случи пред две недели.

„Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба“, велат од обвинителството.

Притворените се на возраст од 18, 21 и 25 години.

Слични содржини