Приватните болници да се откажат од профитот во време на пандемија, вели Пендаровски

од Nikola Popovski

„Апел до приватните здравствени установи да се откажат од профитот, да ги направат своите услуги достапни за инфицираните од коронавирус и да го упатуваат својот медицински персонал во јавните установи доколку има потреба“, изјави денес претседателот Стево Пендаровски.

Тој рече дека се договориле на Советот за безбедност сите државни функциониеи да се пријават на сајтот за вакцинирање и кога ќе дојде редот да се вакцинираат, со цел да нема злоупотреби, ниту некој да се вакцинира преку ред.

„Ние сме исти со сите други граѓани“, рече Пендаровски и додаде дека во наредните денови јавно ќе посочи на оние кои не се однесуваат одговорно.

Слични содржини