Приватните превозници чекаат средба со Арсовска: „Доведени сме до просјачки стап, извршители ни тропаат на врата“

од Nikola Popovski

Приватните превозници од „Слобода превоз” и „Макекспрес” денеска се собраа пред Градот Скопје и побараа средба со градоначалничката, Данела Арсовска. Целта е како што велат, да го искажат незадоволството од состојбата во која се наоѓаат сега.

-Јас сум прв меѓу еднаквите. Дојдовме денеска да побараме средба со градоначалничката, со цел да ја информираме изворно бидејќи сметаме дека од нејзините служби не е информирана како што треба за нашата состојба. Градот како основач на ЈСП треба да помогне да се исплати заостанатиот долг на приватните превозници и во моментов изнесувад над 1,5 милион евра. Доведени сме до просјачки стап. Си ги бараме чесно заработените пари. Ние сме чесни луѓе, работници кои професионално си ја вршевме и ќе ја вршиме работата, само доколку ЈСП се држи до договорот да ни ги исплати средствата, изјави денеска претставник на „Слобода превоз“ пред бараките на Град Скопје.

Од таму појаснија дека за во петок имаат најавено протест, но се надеваат дека нема да се реализира и се ќе зависи доколку бидат примени од градоначалничката.

-Ако кажам дека сме гладни е мал збор, бидејќи сме и задолжени. Извршители чекаат, тропаат на врата, додаде преставникот на „Слобода превоз“.

Во меѓувреме, од Градот Скопје за во текот на денот најавија прес конференција во врска со барањата на приватните превозници.

Слични содржини