Приведе скопјанец, баран со потерница поради убиство

од Берта Китинска

Денеска полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров го приведоа Г.С. од Скопје, кој се барал со потерница од Основното јавно обвинителство Скопје поради сторено кривично дело „убиство“.

Г.С. се товарел според член 123 став 2 точка 5 од Кривичниот законик кој гласи: „Со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот по порачка“.

Како што соопшти МВР, лицето е предадено во Затвор Скопје.

Слични содржини