Приведен 26-годишник од Селце кој со остар предмет смртно го ранил својот татко

од Radmila Tasevska

Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди.

Прилепската полиција го приведе 26-годишниот жител на прилепското село Селце со иницијали А.М. кој се сомничи дека по расправија во семејниот дом со остар предмет смртно го повредил татка си кој подоцна починал. Осомничениот е приведен на прилепската улица „Димо Наредникот”.

Како што информираат од СВР Битола, 26-годишникот синоќа околу 20 часот во семејниот дом во прилепското село Селце се расправал со својот татко, 52-годишниот М.М. и со остар предмет го повредил. Подоцна таткото починал по здобиените повреди.

Полицијата извршила увид, а јавен обвинител наредил обдукција на телото на починатиот. Осомничениот, 26-годишниот син, два часа подоцна е приведен од улицата „Димо Наредникот” во Прилеп.

Обвинителството работи на случајот и побара притвор до 30 дена за осомничениот 26-годишен А.М.

Слични содржини