Приведен 53-годишен кој се самозадоволувал пред скопјанка на автобуска постојка во Центар

од Vladimir Zorba

На 13.08.2022 на подрачјето на Центар полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(53) од Скопје, постапувајќи по пријава од 35-годишна скопјанка според која на автобуска постојка на подрачјето на Центар и во автобус, пријавениот недолично се однесувал, самозадоволувајќи се.

Тој е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини