Приведен бегалец од затвор осуден на казна над десет години

од Nikola Popovski

Денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување на затворска казна.

Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Слични содржини