Приведен дилер, кај него пронајдени различни видови дрога

од Radmila Tasevska

На 31.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје.

Кај него биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини