Приведен дилер од радовишко, пронајдена марихуана

од Vladimir Zorba

Денеска во 11.15 часот во с.Подареш, радовишко, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.П.(34) од с.Подареш.

При претрес во куќата каде живее, дворно место, помошни простории и две возила извршен со судска наредба, биле пронајдена и одземена марихуана (околу 255 грама), дигитална вага, а имало и импровизиран простор за обработка на марихуаната.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини