Приведен дилер од Скопје, во неговиот дом пронајдени саксии со канабис

од Берта Китинска

Денеска (21 .09.2021) околу 09.15 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(47) од Скопје. При претрес, извршен со судска наредба, во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана, саксии со канабис, гранки со цвет од канабис и суви гранки од канабис, соопштија од МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

 

Слични содржини