Приведен гостиварец за издржување казна затвор

од Vladimir Zorba

На 14.01.2022 во 14.00 часот во Гостивар од полициски службеници од ОВР Гостивар бил приведен Д.Б.(23) од Гостивар.

За него била издадена наредба од Основен суд Гостивар со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од една година.

Д.Б. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Слични содржини