Приведен крадец од гостиварско, расчистени пет кривични дела

од Stefanija Kuzmanovska

На 26.01.2023 околу 13.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чегране.

Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил пет кражби во куќи во Гостивар.

Лицето било задржанo во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини