Приведен крадец од Куманово, признал три кривични дела

од Radmila Tasevska

Денес во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(35) од Куманово.

Тој се сомничи дека во февруари извршил три кражби од приватни имоти и одзел повеќе предмети. Е.И. бил задржан во полициска станица и во службен разговор ги признал извршените кривични дела.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини