Приведен крадец во Велес, одземеното пронајдено и вратено на сопственикот

од Vladimir Zorba

На 15.01.2023 во 03.00 часот во Велес, полициски службенци од СВР Велес го лишиле од слобода Г.К.(40) од Кавадарци.

Тој се сомничи дека извршил кражба во патничко возило, при што одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини