Приведен крадец на велосипеди, во неговиот дом пронајдени повеќе велосипеди

од Andreja Salpe

Денеска(28.04.2021), полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е.Х.(29) во с.Визбегово, скопско, при што беа пронајдени одземени седум велосипеди, кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини