Приведен криумчар на мигранти на автопатот „Пријателство“

од Берта Китинска

Синоќа на автопатот „Пријателство“, од Граничен премин „Табановце“ кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ го привеле О.Б.(29) од с.Црвени Брегови, неготинско, кој бил затекнат додека во возилото „алфа ромео“, со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал, се качуваат шест лица мигранти од Индија.

Возилото било одземено, а мигрантите биле сместени во транзитен центар.

О.Б. бил предаден во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини