Приведен криумчар во Дебар, превезувал пет лица мигранти

од Vladimir Zorba

На 03.08.2022 околу 13.30 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Т.Ѓ.(58) од Прилеп. Во Дебар, во приколка од товарно возило, кое го управувал, биле пронајдени пет лица мигранти: А.Ш.(25) и М.Х.(38), двајцата од Сирија, Е.Т.(24) и И.И.(27), двајцата од Пакистан и М.Д.(20) од Авганистан.

Т.Ѓ. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Прифатно-транзитен центар „Табановце“ за натамошна постапка.

Слични содржини