Приведен мигрант кој со неколкумина нападнал 34 мигранти

од Берта Китинска

„Вчера во 130 часот на местото „Под камен“ во село Лојане, општина Липково, полицајци од Сопот го привеле В.А. (21) од Пакистан, поради постоење основано сомнение дека со уште неколку мигранти, со употреба на тврди предмети, физички нападнале 34 мигранти од Пакистан, Гамбија и Индија, кои ги држеле во заложништво, при што им одзеле пари и накит“, соопшти СВР Куманово.

Кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини