Приведен охриѓанец, пронајдена дрога

од Vladimir Zorba

На 01.08.2021 во 22.35 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и од СВР Охрид во близина угостителски објект лишен е од слобода Б.Р.(41) од Охрид.

При преглед на патничко возило „БМВ“, со охридски регистарски ознаки, во кое бил Б.Р. и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја.

За настанот е известен Јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Слични содржини