Приведен претседателот на Српскиот фудбалски сојуз

од Nikola Popovski

Славиша Кокеза, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, бил приведен и однесен на информативен разговор заснован на разни наводи на Александар Кајмаковиќ, познат како Аца Босанац и други наоди од оперативниот план.

Се очекува да биде притворен најмногу 4 часа.

Да потсетиме, Александар Кајмаковиќ, познат белградски угостител, во четвртокот на полицијата ѝ соопштил дека дошол во деловна врска со Вељко Беливук, преку долгогодишно запознавање со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза.

Слични содржини