Приведен синот кој му нанесе смртоносни убоди со нож на својот татко

од Берта Китинска

Педесет и петгодишен маж почина синоќа откако при семејна расправија неговиот син му нанел повеќе убодни рани со нож.

Полициски службеници на СВР Скопје синоќа го лишиле од слобода Д.А.(24), бидејќи околу 23:15 часот на ул.„Бигла“ во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал на местото на настанот. Предметот со кој е извршено делото е обезбеден.

По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Слични содржини